Компании и пазар

„Дизни“ размислува за враќањето на Џони Деп во шестиот дел од „Пиратите од Карибите“

Филмското студио „Дизни“ сериозно размислува да го врати омилениот на сите Џони Деп како Џек Спероу во шестиот дел од „Пиратите од Карибите“.

Откако стана јасно дека на светот навистина му треба уште еден филм на „Пиратите од Карибите“, уште повеќе, откако серијалот заработи над 4,5 милијарди американски долари во бокс-офисите и останува во рацете на „Дизни“, има малку шанси „Црниот бисер“ да заплови кон зајдисонцето.

Петтиот дел Dead Men Tell No Tales се очекува да биде не толку профитабилен во однос на првиот во 2003 година, но проценетата вкупна вредност од скоро 800 милиони долари е тешко мала промена и филмската компанија продолжува да ја „молзи секоја крава“, која си заслужува. Креаторот на „Чернобил“, Крег Мазин во моментов го пишува сценариото за новиот филм заедно со ветеранот од „Пиратите од Карибите“ Тед Елиот, но малку се знае за заплетот на шестата авантура на отворено море, освен за желбата да се потпрат на женска sвезда во главната улога.

„Дизни“ сигурновознемири многу фанови со својата одлука да го „убијат“ Џони Деп како Џек Спароу, иако многумина јавно го клеветеа Деп по неговото разидување со Амбер Херд.

Сепак, ги добивме овие опфатни извештаи дека 56-годишниот актер може да одлучи да ги изненади своите фанови со главната улога во претстојниот шести филм.

Извор за изданието изјавиле дека некои продуценти на „Дизни“ се обидуваат да го вратат во проектот.

Во октомври 2018 година беше објавено дека Деп е отстранет од таа улога. Тогаш стана јасно дека „Дизни“ ќе ги рестартира „Пиратите од Карибите“ на крајот на 2018 година. Продуцентите на „Дедпул“, Пол Верник и Рет Рис беа ангажирани да го напишат сценариото, но тие го напуштија проектот во почетокот на 2019 година, а причините не беа откриени.

Поврзани вести

Автомобилски гигант ги спасува амбициите на Faraday Future?

Влатко Зорба

Азески: Ако конечно не завладее правото, бизнисот ќе регистрира компании во Прешево, Сандански, Солун…

Никола Поповски

Стопанска комора: Влезот во НАТО отвора голема перспектива за македонската економија

Влатко Зорба

Колку донирале најбогатите луѓе во светот за борба против KОВИД-19?

Влатко Зорба

Димитриеска-Кочоска: Не ни е потребно зголемување на акциза која ќе ја продлабочи сиромаштијата

Влатко Зорба

Маск: Наскоро тестирање на супербрзиот „Старлинк“ интернет

Влатко Зорба