СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Година на Маск: Заработи повеќе од Безос, а побогат е од Цукерберг

Елон Маск по богатство го престигна сопственикот на Facebook, Марк Цукерберг и стана третиот најбогат човек на планетата.

Маск, кој стои зад компанијата Тesla и SpaceX, сега има 115 милијарди долари, додека Цукерберг има четири милијарди помалку.

Она што е интересно е што Маск го престигна Џеф Безос по раст на богатството во 2020 година. Маск заработи 87,8 милијарди долари од почетокот на оваа година, додека Безос во 2020 година ги зголеми своето богатство за 87,6 милијарди, според индексот на милијардери на Bloomberg.

Безос и понатаму е најбогатиот човек на светот со 202 милијарди долари, зад него е Бил Гејтс со 125 милијарди долари.

Поврзани вести

Македонија на 90-то место во светот по извоз на цвеќе

msp-admin

Битолска млекара предвремено го плати данокот на добивка во вредност од 15 милиони денари

msp-admin

Гејтс: Потценувањето на Елон Маск не е добра идеја

Влатко Зорба