СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пандемијата може да „збрише“ цела генерација стартапи

Претставници од технолошката индустрија ја повикуваат владата во Велика Британија да обезбеди 300 милиони фунти помош за да може да продолжат да работат старт – ап компаниите додека трае кризата со коронавирусот.

“Цела генерација на стартапи може да биде ‘збришана’ ако не добијат помош додека трае пандемијата со Ковид – 19“, стои во барањето упатено до тамошниот министер за финансии, Риши Сунак.

Тука се вклучени неколку медицински стартапи коишто можат на директен или индиректен начин да помогнат во справување со пандемијата во земјата, пренесува Sky news.

Според Дом Халас, извршен директор на Коалицијата за дигитална економија, што ги претставува малите стартапи, во Велика Британија се загрозени околу 1.300 старт – ап компании. Во оваа ситуација, тие немаат пристап до инвестиции. Бидејќи ги прават првите чекори во светот на бизнисот, најголемиот дел од или не остваруваат големи приходи или профит, па пред нив е период на неизвесност и можно е да згаснат.

Поврзани вести

Милјардер бара 8 лица за лет до Месечината

Влатко Зорба

Ердоган: Ќе ја направиме Турција една од десетте најголеми економии во светот

Влатко Зорба

Список на земји што ви нудат виза ако работите од дома

msp-admin