СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Почина првиот човек на „Самсунг“

Извршниот директор на „Самсунг“, Ли Кун Хи, почина на 78-годишна возраст.

Тој е заслужен за трансформацијата на малиот бизнис основан од неговиот татко во денешен „Самсунг“, глобален економски гигант кој работи во области од производство на електроника, преку осигурување, до транспорт.

Ли беше најбогатиот Јужнокореец, со проценето богатство од околу 21 милијарда долари, според списанието Форбс.

Компанијата соопшти дека Ли починал опкружен со членови на неговото семејство, но не даде информации за причината за смртта.

„Сите ние, вработени во „Самсунг“, со благодарност ќе го паметиме човекот што не водеше“, се вели во соопштението на компанијата.

Ли се приклучил на семејниот бизнис во 1968 година, ја презел компанијата во 1987 година по смртта на неговиот татко и ја трансформирал – од компанија што произведува ефтини, ниско квалитетни производи во светски познат производител на квалитетна електроника.

Првиот човек на „Самсунг“ ќе остане запаметен по реченицата која им ја упати на своите вработени во 1993 година: „Ајде да смениме сè, освен нашите жени и деца“.

„Самсунг“ тогаш уништи 150.000 мобилни телефони за да започне нова, модерна и динамична фаза на експанзија на глобалниот пазар и развој на компанијата.

Поврзани вести

Европа започна вселенска програма за зголемување на безбедноста во комуникациите

Влатко Зорба

96-годишен МИЛИЈАРДЕР ја открива ТАЈНАТА за долг и среќен живот

msp-admin

Петина од планетата може да има дигитални валути за три години

Влатко Зорба