СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Wizz Air без летови од и до Македонија до 30-ти мај

Најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, Wizz Air денес најави дека како резултат на продолжените рестрикции за патување наменети за сите странски летови од и до Република Северна Македонија, авиокомпанијата ја продолжува суспензијата на сите летови до земјата до 30-ти Мај.

Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети. Wizz Air искрено се извинува за непријатностите со кои патниците се соочуваат како резултат на забраните за патување и ги уверува своите патници дека сигурноста и добро-состојбата на патниците и екипажот останува нивен приоритет, се вели во соопштението од Wizz Air.

Поврзани вести

Русија е подготвена да се исклучи од глобалниот Интернет

Влатко Зорба

60 милијарди долари од американските стимулации ќе заминат за Кина

Влатко Зорба

Азески: Време е да започнеме креирање на функционален систем, заснован на европските стандарди и вредности

msp-admin