СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Малпас: Пандемијата може да предизвика должничка криза

„Пандемијата на коронавирус може да предизвика должничка криза во некои земји, така што инвеститорите мора да бидат подготвени да се вклучат и да им помогнат“, рече претседателот на Светска банка Дејвид Малпас.

„Очигледно е дека некои земји не можат да го отплатат долгот што го зедоа. Затоа, ние мора да го намалиме нивото на долг. Може да се нарече простување на долг или отпис“, изјави Малпас за германски „Ханделсблат“.

Тој рече дека е важно да се намали долгот преку преструктуирање.

Потсети на слични иницијативи за време на претходните финансиски кризи.

Се стравува дека пандемијата може да однесе 100 милиони луѓе во екстремна сиромаштија, а Малпас го повторува повикот за вклучување приватни банки и инвестициски фондови, пренесе „Ројтерс“.

Тој предупреди дека пандемијата може да предизвика уште една должничка криза затоа што земјите во развој веќе минуваат низ спирала на слаб раст и финансиски проблеми.

„Огромниот буџетски дефицит и отплатата на долгот вршат притисок врз овие економии. Покрај тоа, тамошните банки влегуваат во проблеми поради лошите заеми“, рече Малпас.

Поврзани вести

Старт-ап компаниите предизвикани од FIA и мобилити клубовите

Влатко Зорба

Милионери бараат зголемување на даноците за најбогатите поради короната

Stefanija Kuzmanovska

Продолжува трендот на зголемени активности и позитивни економски движења во ТИР зоните

Влатко Зорба