СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Милијардерот Брансон не се откажува од државна помош, сега го нуди карипскиот остров

Еден од најбогатите луѓе на Велика Британија, Ричард Брансон изјави дека ќе го заложи својот приватен карипски остров во обид да ја убеди британската влада да ја спаси неговата авиокомпанија Virgin Atlantic.

Сопственикот на Virgin Group во отворено писмо до вработените во авиокомпанијата изјави дека не ѝ понудила на британската влада подарок, туку понуда да се направи трговски заем.

Како што пренесува BBC, опстанокот на авиокомпанијата на Брансон е под знак прашалник, а неговиот остров на Карибите би можел да биде под хипотека.

Новата молба на Брансон доаѓа откако владата, наводно, ја отфрли предложената помош од 500 милиони фунти за Virgin Atlantic.

Неговата понуда доби жестоки критики за тоа што бара пари за даночните обврзници наместо да користи свои пари за заштеда на авиокомпаниите, пренесуваат британските медиуми.

Овој бизнисмен е по богатство седма најбогата личност во Велика Британија со проценети 4,7 милијарди фунти и живее на островот Некер.

Поврзани вести

Македонската берза во 2020 година низ бројки (инфографик)

Влатко Зорба

Понуди за Чебрен од десет големи светски енергетски и градежни компании

Никола Поповски

Китанов: Буџетот за автопатот Скопје – Блаце е зголемен за 250 милиони денари

Влатко Зорба