Бројот на оние што бараат финансиска помош во Соединетите држави, засновани врз невработеноста поради пандемијата „Ковид-19“, сè уште се брои во милиони. Што се случува? И покрај постепеното отворање на економијата и враќањето на работниците на работа, аналитичарите се прашуваат: зошто не може закрепнувањето да биде побрзо.
Додека го пишуваме ова, ние сè уште чекаме на официјалните резултати на американското Министерство за труд, бидејќи ситуацијата е пресек во четврток, а Market Watch предвидува дека нови 1,38 милиони Американци се пријавиле во бирото, поради загуба на работното место. Како што понатаму наведуваат, бројките што ги гледаме од недела во недела се шокантни, затоа што растот на невработеноста требаше да биде досега помал.
Во меѓувреме, неофицијални резултати доаѓаат кои велат дека минатата недела се поднесени 1,48 милиони апликации за бенефиции за невработеност, што значи дека останува голем бројот на лица кои ги губат своите работни места поради пандемијата на коронавирусот
По големиот пад кон крајот на април и мај, историското високо ниво на првични побарувања за невработеност падна за само 4 проценти, на 1,51 милиони во недела што завршува на 13 јуни. Според одредени параметри, овие барања треба да паднат многу побрзо и да се спуштат на ниво под еден милион. Сепак, тоа не се случува.
Имаше рекордни загуби на работни места во март и април, а заздравувањето започна во мај, во согласност со повторното отворање на економијата. Вториот бран отпуштања најверојатно се должи на неможноста компаниите да се справат со намалениот промет, послаб профит и изгубени клиенти.
Во друг случај, што би го објаснил овој феномен, државите пријавуваат повеќекратни побарувања за истите луѓе, што е одраз на хаосот што се појави кога услугите за невработеност беа презаситени со работа, односно рекорден број на побарувања за парични бенефиции. За само три месеци беа поднесени над 50 милиони барања, споредено со 200.000 или помалку, само една недела пред кризата.