СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач за да не поскапи струјата

За да не поскапи цената на електричната енергија потребно е само да се намали маржата на универзалниот снабдувач која изнесува 11,5 отсто, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој потсети дека и укажаал во повеќе наврати на Владата дека цената на електричната енергија со либералиацијата на пазарот ќе се покачува и ја појасни постапката за формирање на цената на струјата

– Цената на електричната енергија се формира на начин на кој енергетските компании наплатуваат за својата услуга. Тука мислам на државните МЕПСО, НЕМО и ЕСМ сегашно-поранепно ЕЛЕМ за цената на електричната енергија која што ја продава на универзалниот снабдувач и тука Електродострибуција, која е приватна компанија, во сопственост на ЕВН Македонија и тука е маржата која што ја наплатува универзалниот снабдувач. Маржата која што ја наплаќа универзалниот снабдувал – замислете го победил тогашниот државен ЕЛЕМ со пониска маржа и таа изнесува 11,5 проценти. Значи вкупната сума на пари која што ја плаѓаат граѓаните за тарифите на државите компании се зголемува за цели 11,5 проценти и тоа на крајот од годината во 2019 година предизвикало да ЕВН Македонија има профит поголем од две миларди денари или околу 35 милиони евра. Еве начин како да се намали цената на електричната енергија, односно да не се поскапи – само треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач, рече Мицкоски.

Според него, македонските граѓани и домашните компании плаќаат маржа која е историски највисока во Европа и неспроедлива со многу побогати држави, а Владата е доминантен сопственик во МЕПСО и ЕСМ.

Поврзани вести

Атанасов: Го стабилизираме пазарот со зелка и им помагаме на земјоделците, обезбедивме интервентна мерка од дополнителни три денари по килограм зелка

МЕПСО потпиша договори за изградба на далекуводот Битола-Елбасан и ТС Охрид

Влатко Зорба

Индексот на цените на угостителските услуги остана ист во февруари

Влатко Зорба