СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НА ЧЕКОР ОД ДИГИТАЛНИОТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР: Неопходноста за интеграција на ММСП во дигиталната економија

Дигиталната економија ги реосмислува конвенционалните норми за бизнис моделите, организацијата на работата, обезбедувањето информации, добра и услуги, како и однесувањето и искуството на потрошувачите. Зголемената меѓусебна поврзаност и новите начини и можности за вршење економска дејност претставува низа предизвици коишто постојните политики не ги земаат предвид и ја наметнуваат потребата брзо да се изнајдат иновативни, одржливи и ефикасни решенија.

Северна Македонија пред индустриска револуција 4.0

Предизвиците со коишто Северна Македонија се соочува во напорите подобро да се интегрира во дигиталната економија за да ги искористи во значителна мера нејзините придобивки се својствени на сите држави во регионот на Западен Балкан. Надминувањето на тие предизвици е предуслов не само за почетниот процес на дигитализација, туку и за натамошното одржување чекор со т.н. нова индустриска револуција 4.0 која има потенцијал суштински да ја промени економијата воопшто преку воведување на аналитика на Big Data, користење на Cloud Computing, Blockchain (криптовалути, паметни договори итн.), Интернет на предметите (паметни згради, вештачки невронски мрежи, машинско учење итн.

Рамка за јавни политики

Политиките поврзани со дигиталната економија се предмет на повеќе регионални и европски иницијативи во кои учествува Северна Македонија. Дигиталната агенда за ЗБ е една од шесте клучни иницијативи содржани во последната Стратегија за проширување објавена од страна на Европската комисија во февруари 2018 година. Предвидените приоритети за дигитализација се интегрирани во повеќегодишниот план за регионална економска интеграција усвоен од страна на премиерите на државите од ЗБ во 2017 година, како и во повеќегодишниот план за создавање заеднички регионален пазар на ЗБ усвоен на Самитот во Софија во ноември 2020 година. Што се однесува до исполнување на преземените обврски, последниот извештај нотира дека дигитализацијата на економијата напредува, но е попречена од ниското ниво на дигитални вештини и високите трошоци за дигиталните услуги.

Имајќи предвид дека овие регионални иницијативи имаат за цел да го поттикнат и забрзаат поврзувањето и интеграцијата на земјите од ЗБ меѓу себе, но врз основа на европските правила, прописи и стандарди како крајна цел со којашто сите држави треба да се усогласат, нивното спроведување би значело подготовка за земјите од ЗБ да се интегрираат во единствениот европски дигитален пазар.

Заклучоци и препораки

Покрај развојот на дигиталната инфраструктура како предуслов, потребно е унапредување на:

политиките за образование, обука и вработување со цел поттикнување на дигиталната писменост и дигиталните вештини,

политиката за наука и истражување со цел поттикнување на релевантните чинители (универзитети, истражувачки центри итн.) да дадат активен придонес кон развојот на нови дигитални алатки и технологии и нивно вмрежување со стопанските чинители (компании, стопански комори итн.) за паралелен развој на практичната примена,

политиката за технолошки развој и иновации со цел доближување на користењето на новите дигитални технологии за развој на нови производи, услуги, начини на нивна испорака и однос со потрошувачите до компаниите и пред се МСП кои имаат најголема потреба од поддршка во тој поглед,

политиката за јавна администрација со цел целосна дигитализација на јавните служби и услуги и нивна поголема достапност за компаниите,

секторските политики за различни стопански дејности кои би ја поставиле дигитализацијата како приоритет.

Во однос на конкретни чекори:

* Потребно е развивање на долгорочна хоризонтална стратегија за дигитализација на која би се надоврзале конкретни секторски документи за дигитализација на определени економски дејности, со конкретна временска рамка, индикатори и алоцирани средства за поддршка на компаниите.

* Неопходно е ревидирање и реосмислување на мерките за директна поддршка на МСП преку ваучер-систем за воведување на дигитални алатки со цел постигнување поширок опфат.

* Неопходно е да се подготви стратегија за вклучување на дигиталните вештини во формалното образование, што би требало да биде пропратена со конкретно алоцирано финансирање за поддршка на структурни реформи за модернизација на образовниот систем.

* Потребно е да продолжи усогласувањето со рамковната Директива за услуги од аспект на обезбедување на единствена точка за електронски услуги, со што националниот портал за е-услуги би станал сеопфатна платформа каде што компаниите ќе имаат пристап до услугите од јавната администрација.

Целосниот документ може да го преземете на следниот линк.

Документот е изработен во состав на проектот „Промовирање на мултилатерален дијалог и соработка со граѓанскиот сектор, јавните власти, бизнис секторот и медиумите за побрзо прилагодување кон единствениот пазар“ имплементиран од Фондација Претприемачки сервис за млади, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS).

Поврзани вести

Ангеловска: Oд средината на декември ќе започне наградната игра „МојДДВ #МојаНаграда“

msp-admin

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на С. Македонија на „ББ +“

Владата, министерствата и приватниот сектор со заеднички сили работат за поголемо учество на жените во бизнисот

Влатко Зорба