Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности НАЦИОНАЛНИ ЕНЕРГЕТСКИ РЕСУРСИ Скопје во државна сопственост, во изминатиов период реализираше осма емисија на хартии одвредност по пат на приватна понуда, соопшти Берзата.
Осмата емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда е спроведена врз основа на одлука за зголемување на основната главнина со влогови преку издавање на нови акции од осма емисија по пат на приватна понуда од 1 декември 2020 година донесена од Владата на РСМ во својство на Собрание на акционери на НЕР АД Скопје.
Од понудени 1,620 обични акции, продадени се сите во вкупен износ од 162.000.00 евра пред денот на донесување на одлуката за зголемување на основната главнина, со што продажбата е реализирана со процент на реализиација од 100%.