Ски – центарот „Попова Шапка„ ги намалува цените на билетите. Со намалувањето, од сабота (30.01.2021) до крајот на сезоната билетите ќе можат да се набават по следниве цени:
– Дневен ски билет – 800 денари.
– Полудневен ски билет – 550 денари.
– Детски ски – билет – 400 денари.
– Ноќно скијање – 400 денари.
– Поединечен билет за двосед „Син Врв“ – 150 денари.
– Поединечен билет за шестоседата жичница „Лајтнер“ – 150 денари.
– Поединечен билет за двосед „Св. Илија“ – 100 денари.
За сите билети во Ски – центарот се наплаќа повратна кауција во висина од 200 денари. Средствата од кауцијата се рефундираат при враќање на билетот на благајната.
И покрај пандемијата од Ковид 19, Ски – центарот „Попова Шапка, пред сѐ заради големото количество снег, но и заради ограничениот излез за патувања надвор од земјава со актуелната ситуација, бележи исклучително добра ски сезона.
Од тие причини, новото раководство на „ЕЛЕМ ТУРС“, Друштво кое стопанисува со Ски – центарот „Попова Шапка“ донесе одлука за намалување на цените на ски – билетите и на билетите за едно возење на жичниците во Ски – центарот со цел да помогне во семејните буџети и да овозможи поголема достапност на услугите на Ски – центарот на скијачите, бордерите и посетителите на Ски – центарот.