СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Не ја почитувале забраната за работа – затворени уште 4 кафеани и 40 кафемати

Затворени се четири угостителски објекти во Битола, Гостивар и Тетово кои не ја почитувале забраната за работа, а надвор од употреба се ставени 40 кафемати во Скопје, Охрид и во Гостивар, при надзорите што ги спровеле пазарните инспектори од 6 до 8 месецов во однос на почитување на мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска денеска соопшти дека од 6 до 8 април шесте инспекциски служби спровеле вкупно 1.346 надзори од кои 547 од страна на Државниот пазарен инспекторат.

Пазарните инспектори извршиле и визуелни контроли на угостителските објекти низ државата при што е констатирано дека ја почитуваат забраната за работа, а кај мал дел од трговците се констатирани зголемени цени на производи и по надзорите се вратени на изност од 11 март.

Во тек на 164. надзори од инспекторите при Агенцијата за храна и ветеринарство се изречени шест мерки и едукациии поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и се изречени седум решенија за костатирана лоша општа хигенска состојба, а правните субјекти се задолжени да извршат дезинфекција.

Спроведени се и 43 контроли од инспекторите од Агенцијата за лекови, кои констатирале дека нема специфични отстапувања и оти секторот ги почитува препораите, односно се одржува ред во аптеките, а цените се во согалсност со одлуките на Владата.

Трудовиот инспекторат, пак, извршил 422 надзора, во тек на кои изрекол едно решение и 11 укажувања во однос на почитување на препораката за ослободување од работа на лица со деца до 10 години. Работодавачите генерално ги почитуваат препораките на Владата.

Транспортниот инспекторат, пак, извршил 114 надзори и повторно е констатирано дека меѓуопштинскиот превоз е редуциран за 90 проценти, а автобуските станици ги почитуваат влаидните препораки.

Филиповска Грашкоска повторно апелираше да се почитиваат мерките препораките за заштита од коронавирсот, најавувајќи санкции дека ќе биде санкциониран секој кој нема да ги почитува

Поврзани вести

УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата додека траат препораките за коронавирусот

Се бараат градежници, техничари, работници во услужните дејности…Слободни 9000 работни места

Берта Китинска

Заев: Немаме намера да го продаваме акционерското друштво во државна сопственост Електрани на Северна Македонија

Влатко Зорба