СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Ако има локдаун пресметките говорат за загуби вредни од 18 до 22 милиони евра

Комисијата за заразни болести реши да и препорача на Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во престојниот период на празници. Се предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот и да нема групирања дома и на отворено.

Од НУК додаваат дека очекуваат дека Владата на денешната седница ќе ги земе во предвид штетите и загубите и да донесат одлуки за соодветно обештетување на сите угостители на кои им е ускратена можноста за работа.

„Ги почитуваме сите одлуки и препораки што Комисијата за заразни болести ги носи во име на јавното здравје и ги потсетуваме Владата и Претседателот на Влада заедно со Министерствата за финансии и економија дека со моментот на нивното донесување веднаш да донесат нов сет директни мерки за угостителите со кои ќе помогнат да се надоместат загубите и штетите во случај на денешно усвојување на овие предлог рестриктивни мерки“, се вели во соопштението од Независната угостителска комора.

Оттаму велат дека вчерашните заеднички барања на Независната угостителска комора со здруженијата Еснаф од Битола, Прилепски меанџии од Прилеп, Тиквешки угостители од Кавадарци, Бисер од Куманово, ЗУТ Крушево од Крушево, Антигонеа од Неготино и Охрдиски еснаф од Охрид и очекувањата на сите реномирани членки – угостители здружени во овие здруженија со илјадниците угостителски работници вработени кај нив очигледно дека не беа разгледани ниту дискутирани на состанокот на Комисијата за заразни болести.

„Како реномирани македонски угостители не ни останува ништо друго освен во моментов максимално да ги почитуваме одлуките и препоракати што Комисијата за заразни болести ги даде во интерес на јавното здравје. Сакаме да напоменеме дека како што е обврската на Министерот за здравство Венко Филипче да делува во интерес и заштита на здравјето на граѓаните, на Независната угостителска комора и останатите здруженија е исто така обврска да ги заштитат интересите и здравјето на сите угостители и угостителски работници кои се погодени од одлуките и мерките кои се носат во име на пандемијата Ковид-19“, пишуваат од НУК.

Меѓудругото, вниманието на угостителите денес ќе биде насочено кон закажаната владина седница на која треба да се донесат конечните одлуки. Имено, НУК вели дека очекува при  одлучувањето и дискусиите за оправданоста на усвојување на овие одлуки ќе ги земе предвид загубите и штетите што ќе бидат дополнително направени со нивното усвојување, и за истите во дискусиите да предложат и донесат и одлуки за соодветно обештетување на сите оние угостители кои поради ускратувањето на можноста за работа им е направена ненадоместива загуба и штета.

Според нивните груби првични економски процени новата рестриктивна мерка на угостителите ќе донесе директни загуби односно штета во висина од 18 до 22 милиони евра во угостителската индустрија кои доколку Владата не интервенира на време ќе мора угостителите самостојно да бараат начини да ја покријат и покрај тоа што нема да бидат во можност да работат.

Новата одлука ќе примора дел од угостителите да направат повторно рационализација на трошоците, особено во делот на вработените, со исклучок на оние што успеале да користат субвенции за плати кои се приморани да ги задржат своите вработени и во наредните 2 месеци, и покрај тоа што нема да можат да работат односно нема да имаат услови да обезбедат работа и остварување на приходи.

За крај ги прашуваме дали серозно и навистина министерот Венко Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести сметаат дека само со селективни рестриктивни пораки наменети за угостителската индустрија ќе придонесат во грижата за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните или можеби треба малку да прошетаат по улиците низ градовите, трговските центри и да видат колку во останатите индустрии се погрижија со соодветни препораки и протоколи реално да допринесат во интересот и заштита на здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението од Независната угостителска комора.

Поврзани вести

Нов Закон за платежни услуги и платни системи: Финтек, нови услуги и финансиска инклузија на ранливите категории

Влатко Зорба

Јовановска: Се бараат работници во производството и услужните дејности, 800 компании направија нови вработувања

Берта Китинска

Земјоделците и откупувачите ја оценуваат годинашната производствена сезона како една од најдобрите досега

Влатко Зорба