СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Недела ќе биде неработен ден, за кого ќе важи овој закон?

Недела да биде  неработен ден, оваа инцијатива по прелдог на ССМ беше приватена од страна на владата.

Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден, соопшти на својот Фејсбук премиерот Зоран Заев, потенцирајќи дека ова решение е во интерес на граѓаните.

„Неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кој тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе“, напиша Заев.

Ќе се стави јасна дознака кои економски оператоти ќе работат, вели вицепремерот Фатмир Битиќи.

– Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден .Во разговор сме економскиот социјален совет, стопанските комори,.Секако ќе гледаме да се опфатат сите оние кои можат да прифатат. Нема да спаѓаат оние области каде е нужно да се работи, но ќе се стави јасна дознака кој може да работи , а кој не. Работниците имаат право на слободен ден. Имам позитивен примери на земји каде со закон е регулирано недела да биде неработен ден.Не ни се брза за овој закон, потребно е побрзо спроведување на владината програма, вели Битиќи за Тв 24.

Вработените кои се дел од големото семејство на маркетите Кит-Го, Тера и Супер Кит-Го низ Македонија ќе имаат еден ден целосно да му се посветат на семејството и најблиските.Покрај маркетите и трговските центри решија неделата да им ја дадат како слободен ден на своите вработение.

Владата и го задолжи Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање, објави на официјалниот фејсбук профил премиерот Зоран Заев

-Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кого тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе, вели Заев.

Иницијативата за неработна недела веќе подолго време е актуелна во регионот, меѓутоа бројот на компании во секторот трговија кои го променија своето работно време за да им излезат во пресрет на своите вработени е многу мал.

Поврзани вести

Лагард: Влијанието на новиот коронавирус врз економијата е слично на финансиската криза од 2008 година

Оштетените штедачи од Еуростандард Банка бараат закон за обесштетување

Александар Петровски

Д-р Дејан Лаковски на чело на „АстраЗенека“ за БиХ и Хрватска

Влатко Зорба