СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Неделата ќе биде работна во 36 дејности

Предлог – законот со кој недела ќе се прогласи за неработен ден за сите е во завршна фаза, а со последните преговори се дефинирало кога ќе користат слободен ден работниците кои ќе работат во недела и за надоместокот за нив кој ќе биде законска обврска на работодавачите.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска очекува за кусо време предлогот да биде објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

„На добар пат сме да го финализираме предлогот. Веќе три месеци се дебатира со сите засегнати страни. Во моментов се разговара за тоа кога ќе се користат слободен ден работниците кои работеле во недела, дали во понеделник и или во сабота како во многу земји и за надоместокот што законски ќе им следува. Предлогот ќе биде објавен на ЕНЕР за да можат сите граѓани да дадат забелешки. Од почетните 34 дејности кои треба да работат во недела, сега имаме 36 дејности и при крај сме да го дефинираме предлогот“, рече министерката Шахпаска.

Сојузот на стопански комори на Македонија е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата

Поврзани вести

Компании со највисоки долгови – по основ на ДДВ и Данок на добивка!

Берта Китинска

Хајредини: Одлуката на НБРМ за привремено ограничување на исплатата на дивидендата е мешање во деловната политика на приватните субјекти

Влатко Зорба

На полноќ истекува рокот во кој компаниите може да поднесат барање за помош за исплата на платите