СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК на прес со повеќе македонски здруженија пред утрешната средба во Владата

По повод, поднесените заеднички барања и очекувања од страна на НУК и Македонски здруженија за потребата од посебен сет економски мерки за помош и поддршка наменет и скроен за потребите на угостителската индустрија, а во пресрет на закажаната средба со претставниците на Владата за во петок 29. јануари во 14 часот, НУК заедно со претставниците на повеќе македонски здруженија ќе оддржи прес-конференција.

„Независната угостителска комора по одлуката за донесени измени и дополнувања на Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19, на 30-та Седница на Владата од 15ти Декември 2020 година според кои се ограничи работата на угостителските објекти наместо до 21 часот да биде до 18 часот во периодот до 21 Јануари побара од Владата за истата да донесе веднаш и нов економски сет мерки на финансиска помош и поддршка со кои ќе помогне на угостителите во намалување на загубите и штетите кои се нанесени со оваа одлука, a со продолжување на мерката за субвенција на плати ќе допринесе да се задржат во целост сите угостителски работници во угостителската индустрија за времетраење на пандемијата Ковид-19“, се вели во нивното соопштение.

Изминатиот период Независната угостителска комора здружена со повеќе македонски здруженија континунирано благодарение на објективноста на информирање на медиумите ја информираше јавноста, угостителите и угостителските работници за проблемите и загубите во кои се најде целокупната угостителската индустрија под притисокот со одлуките на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести за ограничување на работното време и посебните препораки и протоколи за работа на угостителските објекти во време на пандемијата Ковид-19.

Како резултат на нашата работа претставници на Владата уште во месец Декември најавија петти сет економски мерки на финансиска помош и поддршка со кои посебно ќе биде опфатена угостителската индустрија од кои мерки Владата до денес донесе само една одлука во која воопшто угостителите и угостителските работници не беа опфатени“, велат оттаму.

Поврзани вести

Донесена одлука за продолжување на постапката за основање на Туристичка развојна зона во областа на езерото Треска

Stefanija Kuzmanovska

Цената на нафтата над 30 долари за барел, првпат по два месеца

Минималната потрошувачка кошничка повисока од просечната плата

Влатко Зорба