СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Побаравме надомест на штетите и загубите поради селективниот и дискриминирачки пристап во носењето на мерките

Угостителите немаат намера и нема да дозволат веќе да се залажуваат со празни и несериозни ветувања како мали деца. Да имате смелост да ветите нешто што е неопходно веднаш и итно да го направите, дека ќе го размислувате следната година е исто како на заразен од Ковид-19 на кој му е неопходен респиратор да преживее да му кажете дека ќе му го дадете на располагање следната недела!

Овојпат здружени заедно како угостители ќе ги запазиме сите законски права и процедури во остварување на нашите права во поднесувањето за надомест на штети не само за овие последни рестриктивни мерки туку и за сите останати претходно донесени.

Како што напоменавме во наши минати соопштенија и изјави овојпат законски ќе побараме сериозна одговорност и образложение на КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ од која ќе побараме да ни ги достави записниците од состаноците со сите образложенија зошто се овие мерки СЕЛЕКТИВНИ И ДИСКРИМИНИРАЧКИ и зошто додека на едни (угостителите) во континуитет им се ограничуваат и скратуваат правата за работа со препораки преку Владини одлуки на други им се даваат само препораки со што преќутно им се овозможува да прават што сакаат и притоа да не сносат никакви последици и консеквенции од своето работење.

Го потсетуваме Претседателот на Влада дека половина од рокот на барање за итна јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите истекува и очекуваме најдоцна до утре Петок 18-ти Декември до 10:00 часот ја да добиеме поканата. Се надеваме дека Владата нема да си го приушти задоволството да ги потцени 6.500 угостителски објекти со 35.000 илјади вработени кои секојдневно опслужуваат повеќе од пола милион гости и навреме ќе излезе со покана за бараната средба.

Поврзани вести

ТУК бара укинување на забраната за организирање на свадби, крштевки и родендени

Влатко Зорба

Економската криза создадена од пандемијата на Ковид 19 би можела на глобално ниво да остави 25 милиони луѓе без работа

ССК: Континуитет на економските мерки за одржување на деловната активност и работните места

Влатко Зорба