СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Сертификатот „ЧИСТО И БЕЗБЕДНО“ е од посебно значење за угостителите за време на пандемијата и за постковид периодот

„Во време на здравствената криза со пандемијата Ковид-19 во која сме затекнати повеќе од една година за секој наш гостин најважно е здравјето и неговата сигурност во престојот на угостителските објекти кои ќе мора да покажат и докажат дека ги исполнуваат бараните стандарди, препораки и услови за безбедност и превеција во заштитата на здравјето, соопштуваат од НУК.

„Сериозните угостителски објекти (ресторани, кафетерии, барови, хотели и клубови) сега имаат можност преку единствени процедури кои ги обединуваат сите препораки дадени од Светската здравствена организација, како и препораките кои се применуваат во соседството и Европската унија, заеднно со протоколите за работа дадени од Комисијата за заразни болести, насоките и препораките за справување и спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 од Министерството за здравство и Владата да направат проверка и да го усогласат своето работење со цел да се здобијат со глобално признаени сертификати со кои на домашните и странските гости им се гарантира поголема безбедност во посетата на овие објекти.

Добивањето сертификат за „ЧИСТО И БЕЗБЕДНО“ е од посебно значење не само за време на пандемијата Ковид-19, туку и за постковид периодот, затоа што не само локалните гости туку и на останатите потенцијални туристи и посетители на Македонија сакаме да им укажеме дека сме тука да се грижиме за нивната сигурност и здравје при нивната посета и престој во нашите реномирани угостителски објекти.

Сертификацијата и добиениот печат угостителските објекти можат да го користат во своите рекламни материјали, на социјалните мрежи, на своите веб страни во електронска форма, како и на влезните врати на рестораните и хотелите. На овој начин се добива единствена потврда дека угостителските објекти ги исполниле не само одредени локални стандарди туку дека исполнуваат и многу глобални стандарди за превенција и заштита на личното здравје, поготово од Ковид-19 со што можат слободно на своите гости да им гарантираат чист, безбеден и пријатен престој.

Овие сертификати се веќе неколку месеци во примена во земјите на Европската унија и Балканот и со нив се имаат здобиено повеќе од илјадници угостителски објекти кои ги исполниле условите и правото на нивното користење.

Дополнително со донесувањето на препораки или протоколите за организирање на настани (разни прослави, семејни веселби, свадби и корпоративни настани) како и препораки или протоколи за работа на ноќните клубови и дискотеки ќе бидат изработени и соодветни сертификати согласно препораките за работа на истите наменети за овие угостителски сектори и специјализирани објекти.

Очекуваме голем интерес од угостителите за добивање на сертификати и печати за „ЧИСТО И БЕЗБЕДНО“. Апликацијата за пријавување за добивање сертификат заинтересираните угостители, менаџери и сопственици на угоститителски објекти можат да ја пополнат на следниот линк: АПЛИКАЦИЈА – БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ СЕРТИФИКАТ И ПЕЧАТ “ЧИСТО И СИГУРНО” (https://forms.gle/u8FejSjgSzUhDiwcA).

Поврзани вести

ИВАП бара вклучување во петтиот пакет мерки: „Нашите бизниси се пред колапс“

Влатко Зорба

Министерството за економија ќе продолжи со субвенционирањето на приватните претпријатија за подобрување на нивната конкурентност

Никола Поповски

Скопски пазар со нето добивка од 107.113 илјади денари

Влатко Зорба