СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Обезбедени 50 милиони евра за петтиот пакет мерки

Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата 24 анализа изјави дека за петтиот пакет мерки е обезбеден буџет од 50 милиони евра за 2021 година

„Имаме обезбедено 50 милиони евра и моментално ги дизајнираме мерките и тие ќе бидат таргетирани секторски каде имало поголемо влијание од Ковид-19 во делот на намалувањето на приходите на отпуштање на работници и тоа ќе го направиме заедно со Стопанските комори со сите засегнат страни. За кратко време ќе имаме состаноци и во склоп на владата имаме јавно-приватни состаноци каде се вклучени сите стопански комори“, рече Бектеши.

Потенцираше дека ќе ги собираат сите предлози кои доаѓаат во различни институции, вклучувајќи го и министерството за економија и на почетокот на февруари согласно плановите, ќе излезат со тие мерки за да се реализираат.

Поврзани вести

Бесими: Четвртиот пакет на мерки ќе почне да се спроведува после усвојување на ребалансот

Никола Поповски

Повеќе од 1.100 македонски стопанственици биле вакцинирани во рамки на акцијата која ја организираше СКСК

Влатко Зорба

Најголеми приходи од данок на имот има скопската Општина Центар

Влатко Зорба