Се намалува стапката на ДДВ за ресторански услуги и служење на храна и пијалаци.
-Овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10% наместо сегашната редовна стапка од 18%.Целта на оваа мерка е намалување на сивата економија, пониски цени за граѓаните, како и поголема ликвидност на услужниот сектор за храна и пијалаци.За оваа мерка се потребни законски измени и таа ќе започне со имплементација од 1 јануари наредната година, соопштија од Влада.