СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поскапуваат горивата

Од полноќ горивата добиваат нови и повисоки цени, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Бензините поскапуваат за еден денар, па новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе чини 62 денари за литар, додека литар Еуросупер БС – 98 ќе се точи по 63,50 денари.

Дизелот поскапува за еден денар, па новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 53,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 53 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 04.01.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 29,651 ден/кг.

Поврзани вести

За три милијарди долари продаден дел од „Газпром“

Влада: Минимални трошоци за основање фирма и намалување на парафискалните давачки до 75 проценти

Никола Поповски

Банките можат да овозможат втор период на одложена отплата на кредитите

Александар Петровски