СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Одложен состанокот со потенцијалните катарски инвеститори во Вардар

Состанокот со инвеститорите од Катар, кои треба да инвестираат во најтрофејниот македонски клуб Вардар, се одложува, дознаваме од наши извори.

Тој требаше да се одржи во понеделник, 11 јануари, но поради технички причини ќе биде презакажан во нов термин во текот на неделата.

Катарската авиокомпанија со седиште во Доха, „Катар ервејс“ е потенцијалниот нов финансиер на ФК Вардар. Очекувањата се оваа година катарците да помогнат во решавањето на финансиските проблеми и опстанок на „црвено-црниот“ тим.

Претходно преку договор со Влада на РСМ се најавува можна промена на концесионерот на македонските аеродроми. Во таа насока, доколку успешно завршат разговорите за инвестициски влез на познатата авиокомпанија во Македонија, „Катар ервејс“ ќе го преземе и ФК Вардар.

Планот е катарците да го преземат комплетното раководење со „црвено-црните“ заедно со наталожениот долг од над три милиони евра.

Вардар е без управа после заминувањето на Самоил Симев, кој беше извршен директор и на претседателот Мирко Спасевски. Тие во клубот влегоа со преземањето на раководењето на Вардар во јануари 2014 година од страна на русинот Сергеј Самсоненко, кој во мај годинава објави заминување од клубот.

Поврзани вести

Од полноќ нови цени на горивата

Николовски: Во вторник ќе се соопштат информациите за увозот на течни горива

Влатко Зорба

Дури 55 отсто од невработените лица се без образование или со завршено осмо одделение

Влатко Зорба