СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Оштетени штедачи: Доста е! Познат е криминалот на Еуростандард банка

Оштетените штедачи од Еуростандард банка, во своето денешно соопштение ја посочија разликата помеѓу осуденикот од 2015. година кому за кражба на кебапи му беа изречени три години затворска казна, додека 5 години подоцна, Еуростандард банка се затвори, а спооред нив грабежот изнесува речиси 60 милиони евра од депозити, односно од луѓе кои своите пари ги довериле, според нив во регулирана и безбедна финансиска институција. Имено, тие велат дека во овие два случаи единствено нешто заедничко е криминалот, додека се останато е дијаметрално спротивно. Односно првиот случај има штета која чини 100 евра и тоа за храна, додека во вториот се работи за баснословна сума на пари.

Навидум како што велат, и после неполни четири месеци од затворањето на банката никој сеуште не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот. Има повеќе демагози што се претставуваат како жртви но никако и како крадци. Тие сега уживаат во благодетите што ги носи украдениот плен. Во нашата понова историја и пракса во земјава е познато дека оние кои ќе украдат многу пари се жртвите во криминалот и не одговараат за сторените дела. Напротив, тоа се оние кои уживаат во слободата на својот криминал.

Оттаму, велат дека е ктистално јасно кој е изворот на криминалот. Без разлика на сите вмешани страни или соучесници во криминалот, од Народна Банка и гувернерката Бежоска, претходната министерка за финансии Нина Ангеловска, па се до избраните фирми кои добивале безповратни кредити, изворот на криминалот е повеќе од јасен и транспарентен. Првите луѓе на Надзорниот, Кредитниот и Управниот одбор во Еуростандард банка се оние кои ја иницирале, започнале, организирале и развиле кражбата на депозитите преку разни злоупотреби и манипулативни шеми на делење кредити без соодветни покритија, давани пари за да не се вратат.

Во повеќе наврати, Трифун Костовски, главниот сопственик и долгогодишен прв човек на Надзорниот одбор на банката, јавно обзнани конкретни примери на злоупотреби и чист криминал со делење на пари на име на кредити без покритие. Дека е тоа така сведочат и многуте непокриени кредити за кои не е платено ниту една рата со години. Извештајот за состојбата на банката изготвен од стечајниот управник Душко Тодевски идентификува и многу случаи со давани ризични кредити на поврзани фирми, потоа фирми кои користеле кредити само со едно исто покритие или без покритие, фирми без направен договор за кредит, па се до фирми кои добиле и стотици илјади или милиони евра во кредити единствено покриени со меница. Ултра ризични кредити делени на вересија.

Од таа причина тие велат:Доста е! Вистината мора да се открие и правдата мора да се задоволи. Детето кое остана без парите за операција кои пропаднаа во Еуростандард банка треба да знае кој е одговорен за неговата животна трагедија, е само еден од примерите во оваа приказна.

Оштетените штедачи не се откажуваат од нивната конечна цел и нема да прифатиме да бидеме оштетени и ограбени од крадци и криминалци кои делувале организирано во континуиран грабеж на банката и сега уживаат со нашите пари сместени во нивните џебови.

Ако постои правда и правен систем во државава веруваме дека ќе успееме во нашата цел да се расчисти криминалот во целост и да ни се вратат парите. Воедно, се надеваме и дека оваа наша тешка и макотрпна борба ќе помогне и на другите депоненти во останатите банки во државава да не им се случи или случува сличен грабеж во друга банка, бидејќи очигледно заштита од такви проневери и злоупотреби неможе да очекуваме од Народната банка и раководството во неа. Тие веќе се прогласија за ненадлежни, но не и за неодговорни за нивното соучество во овој организиран криминал.

Поврзани вести

Акциите на Комерцијална најтргувани на Македонска берза во 2020 година

Влатко Зорба

Османи: Патната и железничката инфраструктура помеѓу С. Македонија, Бугарија и Албанија е од интерес за целиот Европски континент

Влатко Зорба

Лиценцираните туристички агенци ќе може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“

Берта Китинска