Стандард
ЕКОНОМИЈА

Бектеши и претседателот на СКСЗМ потпишаа Меморандум за соработка

Директно лице ќе биде назначено, се со цел да има континуирана комуникација со Министерството за економија, односно Стопанската комора на северозападна Македонија сака да има постојана соработка, како и навремено и транспарентно информирање, исто така и пренесување на предлози за подобри политики од двете страни.

Ваквите ставови ги создржи Меморандумот за соработка кој денес беше потпишан од страна на СКСЗМ и ресорното министерство.

„Станува збор за многу важен документ. Ние и во минатото сме имале одлична соработка и сме креирале мерки и политики во интерес на бизнисот, но сега со Договорот сме обврзани да ги споделуваме заедничките информации транспарентно и навремено со цел подобрување на условите за бизнис заедницата“, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши.

Исто така тој потенцираше и дека Министерството останува отворено за соработка.

„СКСЗМ располага со голем број анализи посебно на микро и малите претпријатија кои нам ни се особено битни. Ќе можеме да ги користиме за креирање политики, за рационално користење на средствата и се тоа во насока на освојување нови пазари, промоција и зголемување на извозот“, рече Бектеши.

Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа, истакна дека лицето назначено од комората, ќе биде вклучено во сите активности на Министерството за економија.

„Кандидатот ќе ги проследува нашите барања до Министерството, а паралелно ќе ја информира Комората за предлозите што доаѓаат од оваа владина институција“,посочи претседателот на комората, Хоџа.

Поврзани вести

ММФ има „клуч“ за корона-кризата: ПОВИСОК ДАНОК за богатите

Stefanija Kuzmanovska

ЕВН со донација од 200.000 евра за материјали и 10.000 за приклучок на новата мобилна болница

Берта Китинска

Парадокс во Франција: Мерките за корона ја намалија стапката на невработеност

Stefanija Kuzmanovska