СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пауновски: Сè додека не се донесат нови протоколи терасите на кафеаните ќе работат

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски денеска изјави дека кафеанските тераси, кои поради ниските температури се затворени, ќе работат како и досега се додека не се донесат нови протоколи од Комисијата за заразни болести.

-Државниот пазарен инспекторат како институција врши контролирање на спроведувањето и почитувањето на протоколите. Со досегашните протоколи, донесени од Комисијата за заразни болести, на терасите е дозволено да се врши угостителска дејност. Она што сигурно ве интересира е како ќе се постапува сега со затворањето на тие простории. Доколку се донесат нови протоколи, ќе се постапува по нив. Со сегашните протоколи дозволено е да работат и терасите онака како што работат досега, истакна Пауновски, прашан дали со новите мерки ќе биде забрането седење во затворените кафеански тераси во кои се пуши, а кои се без вентилација и дали овие делови од угостителски објектите се забранети за употреба, со оглед на тоа што во пракса, тие се затворени со пластични или стаклени ѕидови.

Во Протоколот за работа на угостителските објекти стои дека е дозволено да работаат отворените делови (терасите) од кафетериите, кои се отворени од три страни, со кровна конструкција.

Поврзани вести

Борозанов нов управител на фабриката на Џонсон Мети во С. Македонија

Влатко Зорба

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари

Ниту една економија не може целосно да закрепне сè додека немаме глобален правичен пристап до вакцини, вели премиерот

Влатко Зорба