Финансиската помош од 6.000 денари ќе биде исплатена за десетина дена, изајви денеска вицепремиерот а економски прашања Фатмир Битиќи.
Тој напомена дека конечниот список на граѓаните кои ја добиле помошта не може да биде направена се додека законот не биде објавен во Службен весник
-Кога законот ќе излезе во Службен весник ќе се направат сите оперативни чекори за да може, прво банките да се организираат, поради тоа што списоците ќе се дадат од страна на владата и соодветно ќе банките ќе треба да ја извршат исплатата. Откако ќе завршат со исплатата започнува течењето на роковите, но секако на граѓаните ќе им биде дадено доволно време за можност за користење на средствата, изјави Битиќи.
По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.