СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Постигнат историски договор меѓу најбогатите земји во светот

Најголемите светски економски сили собрани во Г-7 поддржаа „историски“ план според кој мултинационалните компании ќе се оданочуваат, а затајувањето данок би било значително ограничено, пренесува Би-Би-Си.

Како што објави британскиот министер Риши Сунак, министрите за финансии на Г-7 се согласија за даночна стапка од најмалку 15% за големите корпорации.

Технолошките гиганти како Амазон и Гугл би можеле да бидат меѓу компаниите опфатени со овој договор, пренесува Би-Би-Си.

Според договорот, државните буџети може да добијат прилив на милијарди долари, кои потоа може да ги искористат за да ги отплатат долговите што пораснаа за време на кризата.

По состанокот на Г-7 во Лондон, преговорите за глобалниот даночен систем ќе продолжат на самитот на Г-20 во Венеција следниот месец.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека Франција сака даночната стапка да биде минимална, врз основа на предлогот од 15%, даден од американскиот претседател Џо Бајден.

„Ова се прашања на чесност и ефикасност. Американскиот предлог од 15% е почетна точка, но ако можеме повеќе, мораме“, рече Ле Мер.

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави дека е убеден дека може да се постигне договор.

„Ќе имаме договор што навистина ќе го промени светот“, изјави Шолц за Би-Би-Си.

Поврзани вести

Неделата ќе биде работна во 36 дејности

Влатко Зорба

Ангеловска: Пропустите во мерките за угостителство ќе ги коригира со измените на уредбите

Берта Китинска

Deloitte: Над половина од финансиските директори во Македонија очекуваат раст на невработеноста

Влатко Зорба