20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Предлогот недела-неработен ден, позитивно оценет од ЕСС

Економско-социјалниот совет  предлогот недела да биде неработен ден го оцени позитивно.

Од страна на работодавачите, било побарано да има исклучоци од оваа одлука особено за оние дејнсоти кои се оценети како специфични, односно нивното функциониарње не смее да запре.Такви се индустриите и производството, како и дејностите кои се од витално значење за граѓаните како што се здравството, полицијата, противпожарната служба и други.

Во Економско-социјалниот совет членуваат синдикатите, работодавачите и Владата како социјални партнери.

Во однос на подготовката на новото законско решение за недела-неработен ден, министерката Јагода Шахпаска во вчерашната емисија на Телма изјави дека работните групи и сите засегнати страни работат секојдневно, со цел изнаоѓање на најприфатливо и најиздржано решение и во ниту еден момент не би се  загрозило функционирањето на општеството и ќе има исклучоци за оние дејности кои се неопходни.

Поврзани вести

Pinterest стана трета социјална мрежа по големина во САД

Никола Поповски

Бензините поскапуваат за денар, без промена на цената на дизелот

Влатко Зорба

Петтиот пакет мерки ќе тежи околу 150 милиони евра

Влатко Зорба