СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Прогласени најдобрите угостителски објекти во Скопје за 2020 година

Градот Скопје во соработка со Агенцијата SWOT Research, специјализирана агенција за анализа на квалитетот на услугата, по 13-ти пат го реализира проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите″ во Град Скопје за 2020 година.

Тајните купувачи, ангажирани од SWOT Research ги завршија посетите на угостителските објекти, кои по случаен избор влегоа во трката за Најдобар угостителски објект во 2020 година, по што следуваше сумирање на резултатите, од кои произлегоа заклучоци и препораки за подобрување на услугата во иднина. Истите се оценети согласно со примарните критериуми (стандарди), а годинава поради пандемијата беа дополнети со нови критериуми, вклучувајќи контрола на почитувањето на Ковид протоколите.

Испитувањето беше извршено според следните стандарди:

1. Прв контакт – (поздравување и упатување кон место за седење, приоѓање на келнерот, поздравување),
2. Хигиена на објектот – (чистота на простор, маси, чаршафи, столови, прибор, мени),
3. Тоалет – (хигиена на простор и санитарии, бришачи, заклучување, закачалки),
4. Covid – 19 критериуми (носење заштитна маска, дистанца на маси, средства за дезинфекција),
5. Амбиент – (осветлување, температура, миризба, музика),
6. Услуга на келнерите – (љубезност, проактивност, волја да се излезе во пресрет, посветеност, однесување),
7. Општа услуга – (асортиман, адекватно послужување, време на услужување, издавање фискална сметка),
8. Квалитет на храната – (свежина, количина, вкус),
9. Завршен контакт – (заблагодарување и отпоздравување).

Најдобри угостителски објекти во Скопје за 2020 година, во четирите категории се:

Категорија Ресторани

1 место: Стара Градска куќа
2 место: Антица
3 место: Амика
Категорија Гостилници:
1 место: Дебар маало
2 место: Градска кафеана – Кај Јоле
3 место: Градска кафана Досие Скопје
Категорија Lounge и мезе барови:
1 место: Рок кафана Рустикана
2 место: Горки
3 место: Soul kitchen bar
Категорија Кафулиња:
1 место: Happy caffe
2 место: Добар
3 место: Long play

Оваа година кај сите 4 категории на угостителски објекти беше забележан пад на вкупниот резултат во споредба со минатата 2019 година. Сепак, треба да се земе предвид дека беа мерени дополнителни стандарди и дека оваа година се работеше во вонредни услови на пандемија.

Поврзани вести

Ќе се повлече и ќе се доработува Законот за минерални суровини

Влатко Зорба

540 компании за прв пат аплицираат на јавните повици на ФИТР

Влатко Зорба

Ангеловска: Нов проект во вредност од 90 милиони евра за поддршка на здравството и социјалата

Влатко Зорба