СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата изнесувала 28.294 денари во декември 2020 година

Просечната исплатена нето плата во декември 2020 година изнесувала 28 294 денари и бележи раст од 5,4 отсто, објави Државиот завод за статистика.

Според објавените податоци, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации за 15,5 отсто, рударство и вадење на камен за 10,5 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите информации и комуникации за 14,4 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување 12,5 отсто и рударство и вадење на камен за 10,6 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 42.227 денари.

Поврзани вести

Бектеши на средба со амбасадорите и директорот на ЦЕФТА

НБ даде согласност за именување на Христодулу за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје

Влатко Зорба

Оштетени штедачи: Случајот со кражбата преку „Феро Центар дооел“ е еден од типичните примери со доделени кредити од ограбената банка

Влатко Зорба