Стандард
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Имаме најава за 4 нови инвестиции вредни над 300 милиони евра и нови 2.000 работни места

Заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи вчера вечер гостуваше во емисијата Топ Тема, на телевизија Телма, кадешто за актуелни економски теми дебатираше со претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

Битиќи, на прашање во однос на нивото на странските директни инвестиции во земјата, рече дека не би сакал да ги дели компаниите на странски и домашни и дека она за што сака да зборува се инвестиции на компаниите, затоа што на крајот сите компании кои работат во земјата се наши, домашни компании.

„Законот за стратешки инвестиции и мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, т.е. Планот за економски раст навистина даваат резултати. Најавив пред 10-тина дена, еве денес можам да потврдам дека веќе во петокот имам потврда за 2 нови инвестиции од постојни компании коишто заради потребата, односно добивање на договори со нивните добавувачи ќе го прошират и зголемат производството. Тоа се дополнителни 2000 работни места коишто до крајот на годината ќе се реализираат. Дополнително две други компании планираат 300 милиони евра инвестиции, коишто претходно кажав дека доаѓаат преку стратешките инвестиции. Овиe се две стратешки инвестиции за коишто можам во моментот да зборувам, но сакам да укажам дека сега во овој момент од листата на стратешки инвестиции коишто ги разгледуваме, имаме вкупно 11, коишто достигнуваат навистина фрапантни бројки, коишто веројатно ако ги кажеме нема да верувате и затоа како што ќе се случуваат ќе ги кажуваме. Дека нашата економија е стабилна, не го потврдувам тоа јас, тоа го потврди пред 2 дена и „Standard & Poor’s” со кредитниот рејтинг, ни го задржа на исто ниво без разлика на тоа што бевме погодени со кризата. Тоа го потврдуваат сите меѓународни финансиски организации, коишто кажуваат дека без разлика на кризата остануваме добри во регионот со падот. Падот секако не е позитивна работа, но тоа е секаде во светот, сепак се предвидува солидно заздравување во 2021, а веќе во 2022 да се вратиме во нормалните текови, односно на стапките на раст кој сите го очекуваме околу 5%, а зашто не и повеќе”, нагласи Вицепремиерот.

Поврзани вести

Заеднички економски проекти од регионално значење во фокус на средбата на Заев и Битиќи со менаџментот на Атинската берза

Започна постапката за законска гаранција за 100.000.000 евра од ЕИБ за мали и средни претпријатија

Влатко Зорба

Започна процесот на издавање: На овие места ќе може да се трошат парите од домашната платежните картички