СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Прв „Викенд без ДДВ“: Граѓаните потрошиле 8,5 милиони евра, наместо очекуваните 170 милиони

Според прелиминарните податоци на Управата за јавни приходи, од петокот до вчера на „Викендот без ДДВ“ согласно скенираните фискални, бил направен промет од 8,5 милиони евра. Според ова, повратот за граѓаните за купените македонски производи и услуги и компјутерска опрема ќе изнесува нешто над милион евра, што е далеку од владината проекција која предвидуваше повратот да изнесува високи 17 милиони евра.

Сепак, од УЈП оставаат простор, бројките да се сменат до четврток на полноќ кога истекува рокот за скенирање на сметките од претходниот викенд.

„Очекуваме измени до завршување на рокот за скенирање на фискалните сметки. Фискалните сметки од ,,Викендот без ДДВ,, се скенираат во рок од 3 дена по издавањето на сметката, тоа значи дека сметките издадени на 10-ти октомври може да ги скенираат заклучно со денес, сметките од 11-ти октомври се скенираат заклучно со утре односно 14.10.2020 година и сметките издадени на 12-ти октомври се скенираат заклучно со 15-ти октомври“, стои во дописот од УЈП.

Проекциите на Владата беа дека со „Викенд без ДДВ” ќе се направи вкупен промет од 170 милиони евра.

Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 илјади граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки. Данокот за скенираните сметки државата ќе го враќа за 15 дена од скенирањето. Секој поединец можеше да скенира сметки за вкупен промет со македонски производи или ИТ опрема од најмногу 30.000 денари.

Поврзани вести

Тасева: Најсигурна егзистенција нудат вработувањата во државната администрација

Берта Китинска

Ако имате идеја за бизнис, пријавете се на онлајн акцелераторската програма

Берта Китинска

Рокот за поднесување на ДДВ продолжен до 29 јануари

Stefanija Kuzmanovska