Русија и глобалната енергетска индустрија се соочуваат со силни шокови, а коронавирусот негативно се одрази и на економијата и на целиот руски енергетски комплекс, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Во последните неколку месеци Русија и целиот глобален енергетски сектор се соочија со сериозни пресврти. Овие проблеми се системски и не се базираат само на конкретни нации“, рече тој на состанокот со претставниците на рускиот енергетски сектор.
Путин, исто така, оцени дека коронавирусот има негативен ефект врз целокупната ситуација, бидејќи рестриктивните мерки воведени од држави ширум светот за да се справат со пандемијата предизвикаа намалена побарувачка за „црното злато“.
Во исто време, рускиот претседател истакна дека на пазарите на енергија не треба да им се дозволува влез на рускиот пазар.
„Под никакви околности не смее да се дозволи недостаток на енергија, компаниите мора да имаат доволно електрична енергија и се што е потребно за да го вршат својот бизнис“, додаде тој.
Путин исто така рече дека е неопходно да се продолжи со спроведување на големи инфраструктурни проекти од областа на енергетиката.