СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

С. Македонија и Турција имаат големи можности за соработка во полето на ОИЕ

Северна Македонија и Турција имаат големи можности за соработка посебно на полето на обновливите извори на енергија (ОИЕ). Веќе имаме воспоставено успешна соработка со турски енергетски компании, а очекувам дека така ќе продолжиме и во наредниот период,соопшти министерот за економија Крешник Бектеши при неговата посета во Турција.

Денеска заедно со директорот на НЕР АД Скопје, Бајрам Реџепи остварија средба со министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Фатих Донмез.

Северна Македонија ги користи искуствата на Турција во развој на енергетскиот сектор, а тоа го потврдуваат и инвестициите во последните неколку години, истакнува Бактеши.

Во Анкара тој го посети и седиштето на компанијата „Гиришим Електрик“ и остварил средба со менаџментот, на која се зборувавло за зголемување на нивните инвестиции во Северна Македонија. Претседателот на Бордот на директори на компанијата „Гиришим Електрик“, Мухитин Бехиџ Харманли, посочил дека освен во Турција компанијата има претставништва во 7 различни земји и работи и во полето на трговија со електрична енергија.

Фотонапонската електрана со инсталирана моќ од 10 мегавати која што ја гради турската кимпанија „Гиришим Електрик“ во Осломеј ќе биде пуштена во употреба наскоро, истакна уште министерот Бектеши.

Поврзани вести

Просечната нето плата во октомври била 453 евра, за 8,4 отсто повеќе од истиот месец лани

Берта Китинска

МФ: Прагот за ДДВ обврзник ќе се зголеми од еден милион денари на два милиони денари

Влатко Зорба

Заеднички економски проекти од регионално значење во фокус на средбата на Заев и Битиќи со менаџментот на Атинската берза