СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Се докапитализира Развојната банка за спроведување на КОВИД-19 мерките

На денешната седница Владата ја донесе и Одлуката за зголемување на почетниот капитал на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

Целта на предложената докапитализација на Развојната банка е зголемување на поддршката за приватниот сектор преку поддршка на извозот, особено во услови на отежнато работење и намалена ликвидност предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, како и олеснување на пристапот до суровини за преработка.

Со оваа одлука ќе се обезбеди реализацијата на мерката за издавање на царински гаранции во вкупен износ од 3 милиони евра која беше утврдена со четвртиот пакет на економска поддршка на компаниите од приватниот сектор за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

Поврзани вести

Хотелиерите стартуваат со работа: Келнерот треба со маска на лицето да ги послужува гостите со внимавање на растојанието

„И по цена фирмата да ни пропадне, нема да отпуштаме работници“ – угостители за пример

Берта Китинска

Заев: Најголемата бугарска софтверска компанија во наредните пет години е подготвена да инвестира 45 милони евра