СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Се намалува цената на бензинот, дизелот останува на исто ниво

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 % во однос на Одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.04.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.04.2021 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 07.04.2021 година .

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг.

Од 13.4.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
* Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 58,00 (денари/литар)
* Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 57,50 (денари/литар)
* Мазут М-1 НС 34,266 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 1,044%, кај дизелот за 0,121%, кај екстра лесното масло за 0,031 % и кај мазутот намалувањето е за 1,2 %.

Поврзани вести

Младите се повеќе заинтересирани за работа во администрацијата

Влатко Зорба

Надминати проблемите со стариот изведувач на експресниот пат Градско до клучка Дреново, градежните активности ги презема „Штрабаг“

Влатко Зорба

Производителите на сезонско цвеќе бараат помош од Владата