СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Шуклева: Струјата не треба да биде социјална категорија, и мојата сметка е поскапена

Директорката на МЕПСО, Ева Шуклева вели дека е согласна, дека во државата постои социјална категорија на луѓе, на кои тешко ќе им падне поскапувањето на цената на струјата.

„Струјата не треба да биде социјална категорија. Затоа МЕПСО не може, не дека не сака, ние знаеме каква е ситуацијата во државата особено поради ковидот. На сите нас и на мене ми е поскапена струјата, врз сите влијае тоа меѓутоа компанијата мора да продолжи да работи“, вели Шуклева.

Таа посочи дека АД МЕПСО учествува со само 4,2 отсто во вкупната цена на електричната енергија.

„Во пресметките за цената на струјата ги преставуваме реалните трошоци и приливи на компанијата. За да можеме да правиме инвестиции потребно е да има реална цена на струјата. Во спротивно не може да се прават инвестиции во енергетските компании. Се купува светска опрема и тука цената е иста како што е во Германија. Затоа ние како раководство на компанијата не можеме да отстапиме од нашите барања за цената, затоа што некој од нас ќе побара одговорност зашто не сме ги претставиле реално трошоците”, рече Шуклева.

Последното зголемување на цената на струјата се случи во август годинава и изнесуваше 7,4 отсто. Граѓански здруженија и револтирани граѓани од повеќе градови низ земјава организираа протести против оваа одлука, но тоа засега не ги предомислува енергетските компании да ја повлечат одлуката. Ставот на Регулаторната комисија за енергетика е  дека новата повисока цена на струјата се должи на намалените приходи на  енергетските компании од  Македонија. Регулаторот потенцираше дека повлекување на одлуката е можно само доколку со тоа се сложат енергетските компании.

Поврзани вести

Заев: Кога дојдовме 2017 субвенциите беа околу 90 милиони што се исплаќаа, стигнавме до 135 милиони евра

СКСЗМ: Последиците од вирусот предизвикуваат големи штети и банкротирање на бизнисите

Берта Китинска

Бизнисмени и вработени од С.Македонија ќе се вакцинираат викендов во Белград

Влатко Зорба