СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Слободни 5.000 работни места, се бараат работници и во време на епидемијата од коронавирусот

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска во гостувањето на ТВ Сител во емисијата „Ја сакам Македонија“, изјави дека по стабилизирањето по епидемијата со коронавирусот како и досега најмногу движење  и потреба од работници ќе има во градежништво, производството и услужните дејности.

-Паричен надомест можат да добијат лицата кои им истекол договорот на определено време или лицата кои се технолошки вишок, истите треба да бидат со 8 месеци непрекинат работен однос или 12 месеци со прекини, кај истиот или друг работодавец. Тие ќе добијат 50 проценти надомест во зависност од нивната просечно исплатена плата, во рок од 30 дена тие можат да поднесат барање до надлежниот центар.Оваа процедура сега се прави побрзо со глед ситуацијата во која се наоѓаме.Во моментов има околу 5000 слободни работни места на пазарот на трудот. Според огласите на нашата страна најмногу работници се бараат во  градежништво, производството, услужните дејности. И по стабилизирањето по епидемијата  како и досега најмногу движење ќе има повторно во овие дејности, таму и е најголемото движење и промена на пазарот на труд, Јовановска.

Поврзани вести

НБ: Монетарното злато „тежеше“ 341 милион евра во декември

Влатко Зорба

МИНАТАТА НЕДЕЛА РЕЧИСИ 1,5 МИЛИОНИ невработени во САД: Бројот на барања за помош останува висок

Stefanija Kuzmanovska

Шилегов: Во тек е постапката за обезбедувањето на финасиската поддршка на ГЕС

msp-admin