СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Словачка донираше полнач за електрични возила на ФЕИТ

Република Словачка донираше полнач за електрични возила на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Донацијата ја предаде амбасадорот на Република Словачка во Северна Македонија, Хенрик Маркуш.

„Овој полнач за електрични возила е добиен во рамки на проектот „Greener Mobility“ и има моќност од 2×22 кw. Полначот е наменет за истражувања на Факултетот и обука на студентите од електроника и електроенергетските насоки“, вели продеканот за наука и меѓународна соработка на ФЕИТ, професор д-р Владимир Димчев.

За амбасадорот на Република Словачка, Маркуш, добро е, освен политичката поддршка, со Северна Македонија да се развива и одлична економска соработка.

„Како амбасадор настојувам да развиеме и одлична соработка во економијата, како што е и оваа донација на полнач за електрични возила на Факултетот“, рече Маркуш при предавање на донацијата во дворот на ФЕИТ.

Донацијата се реализира во рамки на проектот „Greener Mobility“ од Словачкиот фонд за предизвици, компонента на UNDP Slovakia partnership. Од овој фонд се финансираат проекти со вредност меѓу 20 и 40 илјади евра во траење до една година. Во реализација на овој проект учествуваат компании од Словачка и јавна или приватна установа од Северна Македонија. Проектот се организира преку словачките фирми SEAK и MONTIN.

Поврзани вести

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари

НУК до Владата упати барања за промена и унапредување на постојни протколи за работа на угостителски објекти

Одобрени се 23 милиони евра од ,,Ковид 3” за вкупно 2.009 корисници со 15.197 вработени

Влатко Зорба