СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Со ребалансот нема кратење на парите за финансирање на политичките партии

Со ребалансот на Буџетот нема никакви дополнителни промени на ставката за финансирање на политичките партии, посочи денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Со одлуката за прераспределба помеѓу буџетските корисници и фондовите која беше усвоена пред еден месец имаше кратење на ставката за финансирање на политичките партии и таа ставка сега со ребалансот на Буџетот нема претрпено никаква промена. Во моментов на таа ставка во таа програма има околу 106 милиони денари во рамки на Министерството за правда, рече Ангеловска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Поврзани вести

Битиќи: Просечната плата ќе продолжи да расте

Влатко Зорба

Цената на нафтата над 30 долари за барел, првпат по два месеца

Бектеши: Угостителите да не ги отпуштаат работниците, ќе добијат помош во форма на грант

Влатко Зорба