СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

СПОР ПОЧЕТОК НА СЕЗОНАТА: Еве кога Грците очекуваат поголем прилив на странски туристи

Поголем прилив на странски туристи се очекува во Грција на крајот на јуни или почетокот на јули, изјави потпретседателката на грчката унија на хотелиери, Кристина Тетради.

Таа извести дека во мај речиси и да нема туристи, но дека закажувањето на аранжмани за јуни започнало, бидејќи многу хотели ги одложиле отворањата за половината од следниот месец, објави новинската агенција АНА.

Околу десет проценти од хотелите се веќе отворени, но повеќето чекаат да се разјасни ситуацијата кога станува збор за најголемиот број туристи кои престојуваат во грчките хотели – гости од Велика Британија, Германија, Русија и скандинавските земји, додаде Тетради.

 

Важен датум за Грција е 7 јуни, кога Велика Британија ќе одлучи дали ќе биде „зелена зона“, што значи дека нејзините граѓани нема да мораат да одат во карантин кога ќе се вратат, додаде Тетради.

Сезоната започна полека на Родос, каде беа отворени само 25 од 650 хотели, а четвртина беше отворена во градот Хераклион на Крит.

Поврзани вести

Стопанската комора за фотографска и видео-дејност бара средба со Владата

Влатко Зорба

ССК со признание од Светската Царинска Организација

Влатко Зорба

Ангеловска: Само пет отсто од компаниите се основани од жени

msp-admin