СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Сугарески и Спасовски: Градежната офанзива е нашиот одговор на запуштената и руинирана инфраструткрура што ја наследивме

Претседателот на Владата Оливер Спасовски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска направија увид на повеќе делници од патната инфраструктура во југоисточниот дел на нашата земја.

-Се уверивме дека градежните работи на сите делници, за изградба, реконструкција и за рехабилитација на регионалната патна мрежа, се во полн ек и работите се извршуваат според предвидениот план. На ова место стигнавме од увидот во изградбата на регионалниот пат Старо Коњарево – Ново Коњарево, во должина од 3,4 километри. Таму градежните работи се веќе завршени, а стариот мост на оваа делница е комплетно саниран и проширен, со пешачки патеки од двете страни. Некои од патните правци, како што се рехабилитацијата на оваа делница село Банско до Колешино, во должина 5,6 километри, ќе биде завршена за 10 дена, прецизираше претседателот на Владата Спасовски.

Тој посочи дека во текот на овој месец ќе заврши и рехабилитацијата на регионалниот пат Радовиш – Плачковица, а реконструкцијата на државниот пат, односно на делницата од Раброво до граничниот премин Дојран, ќе заврши во август.

-Ги издвојувам овие патни правци и делници што ќе бидат завршени во текот на овој месец и во текот на летото, и сакам да нагласам дека во целиот југоисточен регион е во тек една интензивна градежна офанзива. Се градат, реконструираат и обновуваат уште десеттина патни правци и делници, сè во интерес на граѓаните од овој регион, потенцираше премиерот Спасовски.

Воедно, тој посочи дека оваа градежна офанзива во овој регион, како и во целата држава е н„ашиот одговор на запуштената и руинирана инфраструктура што ја наследивме“.

-До пред три години во нашата држава расипнички се трошеа пари за споменици и на објекти од стиропор, додека интересот на граѓаните се запоставуваше максимално. Беа целосно тргнати на страна приоритетните интереси на граѓаните во нивните непосредни, локални средини. Регионалните и локалните патиштата, болниците, градинките и училиштата ни се распаѓаа. Ние имаме спротивен пристап, нагласи премиерот Спасовски.

Тој прецизираше дека во изминатите три години се инвестирани една милијарда евра во патна инфраструктура и така ќе се продолжи и понатаму.

-Градиме 260 километри автопати, 300 километри експресни патишта, се градат и реконструираат и рехабилитираат 900 километри локални патишта. Рехабилитиравме повеќе од 1.500 километри запуштени, или целосно уништени постоечки патни правци. Капиталните инвестиции ги насочивме и кон здравството: 28 јавно – здравствени установи се реконструирани и реновирани. Изградивме повеќе од 320 социјални станови. Завршена 80 проценти од примарна и секундарна гасификација, проект кој сега влегува во фаза кога гасот ќе стигне до општините, а со тоа и до граѓаните и компаниите, потенцираше Спасовски.

Тој на крај акцентираше дека сите овие активности се остваруваат и во време на вонредни околности предизвикани од пандемијата со корона, капиталните проекти продолжуваат со изведба и тоа со забрзана динамика со сите мерките за заштита и дека во новата реалност и на овој начин, рече, ја помагаме и економијата во многу важен период затоа што тоа е гаранција за напредок и развој.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во својата изјава потенцираше дека оваа Влада покажа како се гради во државата, дека имаме најголеми инвестиции во градежништвото, најголем број квалитетни проекти и што е најважно капиталните проекти се реализираат со многу големо темпо и силна динамина без разлика од ковид кризата.

-Имаме силна градежна офанзива низ целата држава, нема место или град каде што не се работи. Само овде во југоисточниот регион инвестираме преку 230 милиони евра во инфраструктурни проекти во патишта и комунална мрежа, истакна министерот Сугарески.

Тој објасни, се наведува во соопштението, дека стратешки планови и интенција на власта е да обезбедат брзи патни врски со соседите и тоа во овие години интензивно го работат.

-Тргнувајќи од главниот град, го изградивме автопатот од Скопје до Штип, го рехабилитиравме постоечкиот пат Штип-Радовиш, интензивно го градиме и експресниот пат Штип – Радовиш, понатаму рехабилитиравме делници од Радовиш до Струмица, го рехабилитиравме патот до Ново Село, кон Берово исто така, изградивме нов пат од Ново до Старо Коњарево, така да се до границата со Бугарија обезбедивме нова, квалитетна и брза патна врска. Со ова отвораме можност за економски развој на Струмица и цел регион, за влез на нови инвеститори, но и подобра комуникација меѓу граѓаните. Во делот на комуналната мрежа, изградивме нова канализација во Дабиле и Просениково. Моментално работиме на изградба на канализација во Ново Село, а работиме исто така на изградба на канализација и овде во Банско, инвестиција од 1,3 милиони евра, рече Сугарески.

Тој потенцираше дека со интензивно работење на ветеното во изборната и владината програма за подобрување на комуналната и инфраструктурна мрежа резултатите се видливи на терен.

– Сите овие инвестиции што ги работи оваа Влада предводена од СДСМ, бенефит ќе имаат преку 170 илјади жители на југоисточниот регион и преку 10.000 фирми кои работата тука. Сосема е јасно дека капиталните проекти што ги работиме насекаде низ државата имаат клучна улога за оддржување на економскиот развој и затоа ние како Влада ќе продолжиме континуирано да го поттикнуваме развојот на сите региони и заеднички со општините да соработуваме за посилна економија и подобар живот на граѓаните“, истакна Сугарески.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека веќе три години во нашата држава сериозно се гради, се обновуваат и градат нови патишта, мостови, свлечишта како никогаш досега.

-Со еден збор, градењето не е застанато бидејќи од исклучителна важност за целата држава. Денес стигнавме по пат кој што минатата година го рехабилитиравме преку проект од Светска банка Ново Село до граничниот премин. Дојдовме до патот кој од граничниот премин од Старо Коњарево кој го поврзува целиот овој регион којшто е дамнешна желба на граѓаните од овој регион да не мора да вртат дваесеттина километри да се приклучат на патот за до граница и сега за само четири километри на еден стар земјен пат стоиме на комплетно направен пат со ширина од шест метри, реконструиран мост и задоволството на овие граѓани е големо, потенцираше Китанов.

Тој потврди дека се очекува до нова година предвреме да се пушти експресниот пат Штип – Радовиш со вториот дел и граѓаните од целиот овој регион да бидат целосно поврзани како што, рече, сите заслужуваме во 21-виот век.

Поврзани вести

Економијата број 1 во Европа насочена кон рецесија

Stefanija Kuzmanovska

Роботите ќе бидат причина за затворање на 85 милиони работни места до 2025 година

Никола Поповски

Најевтин мобилен интернет има во Израел, најскап во Екваторијална Гвинеја, а каде е С.Македонија?

Влатко Зорба