СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Тодевски: Прибрана и заштитена севкупната опрема и мебел што се дел од имотот на Еуростандард

Душко Тодевски, стечајниот управник на Еуростандард банка АД Скопје – во стечај информира  дека од сите експозитури на Еуростандард банка кои биле во деловен простор којшто не бил во сопственост на банката, се пробрани и заштитени целата опрема и мебелот.

– Известувам дека од сите експозитури на Еуростандард банка кои биле во деловен простор којшто не бил во сопственост на банката, од моја страна, односно од страна на овластени лица се прибрани и заштитени севкупната опрема и мебелот, коишто се дел од имотот на банката. Истовремено, прибрана и заштитена е и севкупната документација од овие експозитури. Ваквата активност е спроведена затоа што веќе се раскинати договорите за закуп на деловен простор – вели Тодевски.

Поврзани вести

ДЗС: Стапката на раст на БДП за четвртото тримесечје од 2020 година е -0.7 %

Влатко Зорба

Котација и проширување на котацијата на државни обврзници

Влатко Зорба

Директорката на ММФ на средба со Бежоска: НБ има витална улога во ублажувањето на влијанието на кризата

Влатко Зорба