СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Угостителската комора бара да учествува во подготовката на здравствените мерки за празниците

Независната угостителска комора (НУК)  бара Комисијата за заразни болести да подготви стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи наменети за целокупната угостителска индустрија за начините на работењето во наредната 2021 година.

НУК бараат да учествува на утрешната седница на Комисијата за заразни болести. Повод за барањето е најавате дека комисијата ќе расправа за работата на угостителите за претстојните празници.

– Со цел да ги избегнеме погрешните изјави за медиумите на членовите на Комисијата за заразни болести дека новите донесените одлуки за препораки на рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти се донесени повторно во координација со угостителите и коморите доставивме барање за учество во понеделничкиот состанок на кој комисијата ќе ја разгледува потребата од нови рестриктивни мерки за начините на работењето на угостителската индустрија – велат од НУК..

Оттаму појаснуваат дека повод за ваквата реакција се информациите во медиумите дека дел од членовите на оваа Комисијата за заразни болести се залагаат за целосен LOCKDOWN на сите угостителски објекти за периодот од 31 декември до 8 јануари.

– Со нашето учество бараме да ни се овозможи да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради кои сака да ги усвои најавени рестриктивни мерки и истовремено да ни дозволи и овозможи пред истите да ги достави до Владата и да ги објави да ни овозможи да укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија туку и за сите граѓани на нашата држава – велат од Комората.

Комората смета дека  Комисијата наместо да носи парцијални и ад хок одлуки за препораки за мерки  да им помогне на угостителите и угостителската индустрија со тоа што ќе подготви стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи наменети за целокупната угостителска индустрија за начините на работењето во наредната 2021 година.

Поврзани вести

ИВАП бара вклучување во петтиот пакет мерки: „Нашите бизниси се пред колапс“

Влатко Зорба

Приходите на компанијата Дизни опаднаа за 91 отсто заради коронавирусот

ССК: Продолжување на економските мерки за финансиска поддршка на Владата, итно за дополнителни два месеци