СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Угостителските работници бараат да бидат пријавени со полно работно време, К-15 и бенифициран стаж

Синдикатот за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати бара да се реши статусот на угостителските работници, да бидат пријавени со полно работно време и да им бидат платени прекувремената работа и работата за време на празник согласно Законот за работни односи.

– Бараме да се изнајде начин сите работници од нашите сектори да добијат сигурност. Вината што голем дел сме непријавени и не можеме сега да ги оствариле правата, не е само наша, туку и ваша, затоа што затаил системот на контрола, односно инспекторатите, истакна Влатко Николовски од Синдикатот за угостителство и туризам на денешната прес-конференција.

Синдикатот бара и задолжителна исплата на К-15, бенифициран стаж и платен годишен одмор од минимум 20 работни дена.

– Не отвораме војна против никого, сакаме само да се има слух и за нас и да се преземе конкретно решавање на нашите барања, рече Николовски.

Според проценките на Синдикатот, во угостителството се пријавени околу 20.000 работници, а во овој сектор работат околу 70-80.000 работници.

Синдикатот за угостителството и туризмот брои околу четири илјади членови.

Поврзани вести

Катастарот лани впишал 15.852 легализирани објекти

Влатко Зорба

Откупени 80 отсто од реколтата тутун со досега највисока просечна цена од 222,5 денари

Влатко Зорба

Девалвација на повеќе странски валути по падот на цената нафтата

Stefanija Kuzmanovska