СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Почна аплицирањето за поддршка за плати за ноември

Од денеска работодавачите и физичките лица кои вршат самостојна дејност можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за ноември 2020 година, информираат од УЈП.

– Работодавачите поднесуваат барање БФП-ИП/2 , а физичките лица кои вршат самостојна дејност поднесуваат барање за финансиски средства БФС-СВД/2. Барањата БФП-ИП /2 се поднесуваат преку системот Е-Даноци ( Е-ТАХ), додека барањата БФС-СВД/2 се поднесуваат преку системот Е- ПДД – информриаат од УЈП.

Овие Барања може да се поднесуваат заклучно со 10 декември 2020 година, а Управата за јавни приходи, ја потврдува комплетноста на барањето во рок од 3 дена од денот на поднесувањето.

Во текот на денов, Управата за јавни приходи ја потврди комплетноста на барањата БФП-ИП/2 за исплата на плата за ноември 2020. на околу 5.000 работодавачи.

Финансиската поддршка за исплата на плати за вработените за октомври 2020 година изнесува вкупно 951.252.239 денари, одобрени се 13 813 барања на работодавачи од кои за 12 470 се доставени налози за исплата до генералниот Секретаријат на Владата, со кои се опфатени 60 895 вработени.

Исплатата на финансиски средства кај физичките лица кои вршат самостојна дејност за месец октомври изнесува вкупно 329 792 920 денари, а доставени се налози за исплата на 4277 самостојни вршители на дејност.

Поврзани вести

Расте интересот на македонските граѓани за купување на електрични возила

Stefanija Kuzmanovska

Потрошувачите најмногу зе жалат на неисправности кај технички производи и бела техника

Берта Китинска

ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ поевтинува за половина денар

msp-admin