СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Владата и компаниите откупувачи се договорија за флексибилен и фер пристап кон категоризацијата на тутунот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на средба со претставниците на овластените компании за откуп на тутунот постигнале заедничка согласност за поголема флексибилност при откупот на годинешната реколта кој, согласно законот, започнува денеска со отворање на сите откупни места во државата.

На состанокот беше договорено дека компаниите откупувачи ќе покажат конструктивен и флексибилен пристап во однос на категоризацијата на тутунот, вклучувајќи го овој пристап и кон проценката за одбиток.

На средбата беше потенцирано како прифатлива заложбата да се врати довербата во утврдената постапка и да продолжи динамиката на откупот со подеднакви количини од сите категории тутун како обврска на тутунопроизводителите за да не се создава перцепција на ниска просечна цена заради појавата во првите денови на откупот кога производителите ги нудат само пониските категории тутун.

Во насока на оваа препорака беше истакнато дека откупувачите се согласија да ги прифатат понудените количини од производителите кои пак ќе бидат обврзани да нудат подеднакви количини од сите категории за да постигне повисока просечна цена и да не се чуваат залихи од поквалитетниот тутун.

На средбата, сите компании откупувачи се согласија дека и оваа година ќе ја исполнат својата обврска да ги откупат сите количини на кои се обврзаа со државата, а со тоа и со тутунопроизводителите.

Дополнително се постигна согласност дека до крајот на сезоната, откако ќе заврши откупот на договорените количини за оваа година, ќе се откупи и целиот вишок и дека ниту еден лист тутун нема да остане кај тутунопроизводителите доколку тие за време на целиот откуп нудат подеднакви количини од сите категории од нивното производство.

Поврзани вести

Листата на најбогати Руси има нов лидер

Stefanija Kuzmanovska

ДПИ во изминатите три дена изврши вкупно 1.366 контроли за почитување на здравствените протоколи

Берта Китинска

Ќе инвестираме до 7 милиони евра за 10 отсто учество во гасниот терминал во Александрополис

Никола Поповски