СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Владата ја објави листата на граѓани кои ќе добијат помош со четвриот сет мерки

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk се објавени списоците со имињата на граѓаните кои добиле финансиска помош.Потребно е да говнесет својот матичен број и да проверите дали вашето име е на списокот.

Владата на вчерашната седница донесе одлука за четвртиот сет мерки, со кои доделува помош на граѓаните.

„Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на  Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања, во соработка со Претседателот на Владата и Генералниот Секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.“, се вели во соопштението.

Финансиската поддршка во износ од 6.000 денари е намената за ранливите категории на граѓани се однесува на  стечајни работници, самохрани родители, корисници на пензија до 15.000 денари, пасивни баратели на работа, уметници, граѓани од 16 години до 29 години, деца без родители.

Според Законот средствата ќе треба да се потрошат до 25 декември.

Поврзани вести

Здружение оштетени штедачи: Каква е таа контролна финансиска институција кога Еуростандард дала речиси 60 милиони евра се ненаплатливи или тешко наплатливи кредити?

Влатко Зорба

Лукаревска: Изгласани законските измени, Викенд без ДДВ обезбедува повеќе пари кај граѓаните

Владата не се откажува од изградба на пруга кон Бугарија

Берта Китинска