СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Стечајниот управник на Еуростандард: Нема физичко или правно лице со депозити од седум милиони евра во Еуростандард банка

Стечајниот управник на Еуростандард банка тврди дека нема физичко или правно лице со депозит или депозити во вредност од седум милиони евра.

-Имајќи предвид дека во текот на изминатиот месец, во повеќе објави се пласира неточна информација дека депонент – физичко лице во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ од 7 милиони евра, како стечаен управник се чувствувам должен да Ве известам Вас и севкупната јавност дека во Еуростандард Банка со состојба 12 август 2020 година нема депонент физичко лице со депозит во износ од 7 милиони евра ниту депонент – физичко лице којшто има повеќе депозити во Банката во вкупен износ од 7 милиони евра и нема депонент правно лице со депозит во износ од 7 милиони евра, вели Душко Тодевски, стечаен управник на Еуростандард Банка.

Поврзани вести

Невработени оваа година во Германија ќе бидат над три милиони лица

Вработените од Тиго Фајнанс со донација за здружението за дигитална инклузија „Отворете ги прозорците“

Влатко Зорба

Јовановска: Мошне значајни се економските мерки што Владата ги презема за зачувување на работните места